„Секој петок по една“ – Излавајте надвор

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот Гласно.мк ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Излавајте надвор

Меѓу Лазо Буфчо и една Ромка

Пишува: Доне Донев

Кажавме оти Лазо Буфчо бил судија за прекршоци. Кај него доаѓале разноразни луѓе и се случувале разни случки. Еден ден, некои кажуваат дека било пеколно топло во судницата (во тоа време немаше клима уреди), дошле некои Роми да им суди Лазо Буфчо за некое дворно место. Кој имал право да оди, кој немал. Тоа и не е важно. Чекале да дојде записничарката. Некоја од Ромките испуштила гасови и почнало да смрди, а останатите (од противничката страна) му се пожалиле на Буфчо оти смрди. Тоа се случило уште еднаш и уште еднаш, на што тие реагирале и посакале да излезат, а Буфчо во негов стил рекол:

-Не, виа и ја ќе излеземе надвор додека да дојде записничарката, а неа ќе ја оставеме и затвореме тука. На неа нека й смрде./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот Гласно.мк.

Адаптација: А. Арсов

Сподели: