„Секој петок по една“ – Климактериум

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Климактериум

За Тошо Ѓ. и Ружа В.

Пишува: Доне Донев

Тошо Ѓ. како вработен во гимназијата „Љупчо Сантов“ беше еден од најдосетливите професори. Во секоја ситуација знаеше да направи шега. Една од вработените, жена во години (Ружа В.), којашто работеше во техничките служби, беше во период кога почнува да й го снемува месечниот женски циклус. Цело време го спомнуваше
тоа. Еден ден Тошо Ѓ. й рече:

– Aман мори Ружо. Доста кукаш, уште малку и на нас ќе го префрлеш.

Таа на тоа изнервирано му рече:

– A ти бе Албанче (така го викаше), ако уште еднаш ми префрлиш, ќе ти ебем матер у пизду.

На ова Тошо експресно одговори:

– А ти ако ме препцуваш уште еднаш, ќе ти го пресечам./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: А. Арсов

Сподели: