can hydroxychloroquine cause c diff shat needs to be mojitored while on hydroxychloroquine side effects hydroxychloroquine half life hydroxychloroquine eye buying hydroxychloroquine online

„Секој петок по една“ – Слепиот патник

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Слепиот патник

За мене (Доне Донев) во градски автобус

Пишува: Доне Донев

Во населбата Автокоманада, како што ја викавме (или „Стив Наумов“), социмер ми беше еден Миле Г. од Битола. Велам со цимер, а не цимер, зашто беше илегалец. Миле беше слеп и имаше слободна карта за возење низ градските автобуси. Кога тој не патуваше, јас му ја побарував и тој ми ја даваше јас да патувам. Ќе ги ставев очилата и ќе го шетав Скопје. Особено во зимата, зашто беше студено и врнежливо. Другите денови возев велосипед, позајмен од мојот другар Крмар (академскиот сликар Крсте Мартиновски – Крмар). Ќе се качев во автобусот и кај што ми очи гледаат (а сум слеп). Од
едниот крај на Скопје до другиот.

Еднаш се враќав од населбата „Ѓорче Петров“ кон Автокоманда. Некаде кај станицата Бит Пазар се качи една моја соученичка. Столчето до мене беше празно и ме праша дали е слободно. Потврдно й одговорив. Таа седна, а јас белиот стап почнав да го вртам кон неа. Полека го пикнав под здолништето и, како не сакајќи, го поткренав, а таа го спушти. Тоа го направив уште два–три пати, а нејзе й стана незгодно. Гледа кон мене и ништо не зборува, а јас загледан во подот, како да не знам што се случува. Почнавме разговор, а јас зборував како да ме фатило грип, за да не ме познае. Полека ја пипнав по лицето, прашувајќи ја од каде е. Од Кочани, ми рече. Што студира, каде живее во Скопје и вообичаено за испитите, цимерките, ја прашав.


„Ми се чини оти си многу убава и како да изгледаш…“ – почнав да ја опишувам онака како што е. Не можеше да се изначуди. Па ја фатив за раката, па за другата итн. Ја прашав каде слегува.

  • Автокоманда, рече.
  • Одлично, и јас сум за таму, реков, ќе ме придружуваш ли?
  • Зошто да не, во која барака ќе одиш?
  • 28/4 – реков.
  • Кај кого?
  • Кај Доне Донев – й реков.
  • Го знам, школски ми е – рече.
    Доне Донев
    48
  • Ќе ме однесеш ли?
  • Како да не, задолжително – ми рече.
    Кога стигнавме, ги тргнав очилата, го извадив шалот, го ставив стапот настрана, се свртев и й реков:
  • Розе, фала ти на друштвото, инаку ќе ми беше многу досадно!
  • Донац, улав некој, ти ли си, ќе те утепам – и почна да се смее.
    Потоа седнавме, си туривме кафе, ја запознав со Миле, го испивме и ја испратив до баракатa./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: А. Арсов

Сподели:
  •  
  •  
  •