„Секој петок по една“ –  Коленото на Штеф

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Коленото на Штеф

Меѓу Штеф и жената што била „мераклика“

Пишува: Доне Донев

Имало некоја „позната“ жена во Кочани по „оние“ работи (е, па нека ти текне по кои, сега остави ме да ти кажам што се случило). Слушнал тој, а слушнала и таа оти „алатот“ на Штеф бил баеги голем. Пуштиле гласови низ градот и за едната и за едниот. Дошло до нивните уши. Ги споиле. Ги запознале. Ги оставиле заедно. Приказната претпоставувате оди во кревет. Почнала предиграта, а кога требало да го одиграат главниот чин, жената му рекла на Штеф:

– Штеф, нели требаше со „сукалото“, а ти со коленото?!

– „Сукалото“ е мори, е сега виде ли кој е поголем мајстор!!!/крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: А. Арсов

Сподели: