„Секој петок по една“ – Лесна работа

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Лесна работа

Меѓу Буфчо и баџанак му

Пишува: Доне Донев

Како што кажавме погоре, Буфчо бил судија. Неговиот баџанак работел земјоделски работи. Еден ден баџанакот на Буфчо рекол на жена му оти ќе оди кај Буфчо да бара некоја лесна работа, за да не работи веќе земјоделие. Влегол кај Буфчо. Почнале разговор, ова-она и баџанакот му ја кажал маката. Буфчо му предложил да работи во една градежна фирма, а баџанакот одбил. Му рекол да работи во трговијата како носач, овој и тоа го одбил, па му рекол на Буфчо:

– Баџо, ако има нешто лесна работа – ако беше за таква, јас дома си имам.

На ова Буфчо му рекол:

– Баџо, гледаш ли ја онаа метла у ќошо. Ако сакаш лесна работа, секој ден пред да почнам со работа, а и кога ќе завршам, ќе ја зимаш метлата и ќе ми ладеш јајцата, од тоа полесна работа нема./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: А. Арсов

Сподели: