„Секој петок по една“ – Лустери

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Лустери

За Тошо Ѓ. и Драгица Т.

Пишува: Доне Донев

Само што се бев вработил, за неполн месец требаше да имаме Наставнички совет. Се одржуваа навечер во 20 часот, по наставата. Го чекавме директорот речиси половина час, а тој никако да дојде. Одеднаш беше настанала мртва тишина. Професорката Драгица Т.на професорката Милка С. й рече, а тоа сите го слушнавме, нели беше мртва тишина:

-Леле мори Милко, па јас не сум знаела оти во нашиот колектив имало многу лустери (мислеше на професорите кои беа
гологлави – или, нашки кажано, ќелави).

Почна да ги набројува. Такви беа Тошо Ѓ., Драги П., Витомир М., Кирил Х. и уште двајца–тројца. На ова Тошо веднаш й врати:

-Ти, ма, Драгице! Кој ќе си го избереш за у спалната?/крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial