101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
Може – не може
За Љупчето и камионџијата
Пишува: Доне Донев
Во Кочани сите го знаеме како Љупчето Камбано. Мирно момче, скромно, чесно и многу послушливо. Во однос на здравјето малку заостанува зад неговите врсници со неговите психолошки вредности, но тоа не значи дека е неспособен за да си ги врши неговите секојдневни работи. Еден ден Љупчето излегол пред зградата на „Треска“, во чија близина живее. Некој камион ја истоварил стоката со мебел и требало да се врати назад од каде што дошол. Позади камионот имало паркиран автомобил кој во меѓувреме пристигнал. Бил оддалечен петнаесетина метри. Возачот го замолил Љупчета да му кажува дали може да се враќа назад, а Љупчето да му кажува кога ќе стигне до автомобилот да му каже стоп. Се договориле и возачот тргнал да враќа назад, гледал на ретровизорите, ама не можел да го види автомобилот и го прашувал Љупчета дали може уште назад. Љупче одговарал:
– Може мајсторе, може.
Во еден момент камионот го удрил автомобилот, само што не го сплескал, а тогаш Љупче извикал:
– Eeeee, мајсторе, сега не може./крај
Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.
Адаптација: А. Арсов