101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот Гласно.мк ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
Молитва
Димуш или Рк
тг
з`кот
Пишува: Доне Донев
Димо Димов – Димушо беше многу талентиран во пеењето. Некои го викаа Рк
тг
з`кот. Иако музички необразован, пееше и оперски арии. Беше и аматер актер, а и самиот компонираше за своја душа.
Раскажува Димуш како во неговото соседство во една куќарка влегле некој поп и една негова комшивка. Ги видел Димушо и подзастанал под прозорецот. Демек да пази, или нашки речено да биде воајер. Гледал Димушот и слушал.
Кога натаму-наваму работата дошла таа да му се исповеда оти во себе носи грев. Некогаш од некоја бавча украла зеленчук и сега се чувствувала виновно. Попот рекол оти за тоа е колај работа, само треба да й испее една молитва и сè ќе биде во ред.
Молитвата била следнава:
Излези грех од булкин (млада невеста) мех
да улезе духовна жила сас божја сила
на булката од грехо да й биде аман
на попо до ја… ц…ата таман.
Се исповедале на железниот кревет, според Димушо, цел час и попот си заминал радосен од молитвата, а комшивката на Димушо радосна од исповедта. На вас „лажа“, мене вистина, оти беше чуена од Димушо, а Димушо никогаш не лажеше./крај
Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот Гласно.мк.
Адаптација: А. Арсов