„Секој петок по една“ – Мртвио е жив!!!

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Мртвио е жив!!!

Меѓу Кици Шумадинец и друштво

Пишува: Доне Донев

За Кици Шумадинец и друштвото, Кирил Ш. или попознат во градот како Кици Ш. на времето кога немаше кој не оди во Бугарија или поточно кажано кога сите одеа, некои и по два-три пати на ден, раскажувал во друштвото како таму (во Бугарија) со Бугарките растур правел секој ден.

Го слушале, го слушале и некој му рекол да не претерува многу. Тој кажал оти бил со Ацо Т., кого во градот го викаа „Мртви“ (еден од ретките луѓе со кои имав чест да седам на рабникот – р’тмот по цели вечери). Беше чинам најинтелигентниот човек во градот.

За несреќа на Кици Ш., кога Кици го кажувал настанот со групата, не бил Ацо Мртвиот, па некој рекол оти Кици лаже. На ова Кици ревносно рекол:

-Мртвио е жив. Aј да се кладеме. Ќе ви го викнам./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: И.Матеничарски

Сподели: