101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
Надморска височина
Меѓу Доне Донев и Илија Захариев во Задар
Пишува: Доне Донев
За време на студирањето бев вклучен во драмското студио „Џинот“. Патувавме речиси низ цела бивша Југославија.
Еднаш заминавме за Задар (Република Хрватска) на неколку денови. Ја прикажувавме претставата „Да се смееш не е грев“ од Миле Георгиевски. Кога имавме слободно време (а го имавме прилично многу, зашто претставата ја прикажувавме навечер), се шетавме низ градот и уживавме во убавите плажи.
Еден ден јас и мојот цимер Илија Захариев тргнавме во стариот дел на Задар. Кога на враќање застанавме на мостот што ги спојува стариот и новиот дел и гледавме во морето, Ико рече:
-Донхи (така ме викаше), тука колку мислиш (мислеше над
мостот) оти има надморска висина?
-Па некаде околу 20-30 метри.
-Види Донхи, размисли убаво дека се наоѓаме и дека стоеме?
-Па у Задар над мосто, над морето.
-Е, сега ако, размисли колку метра е тука надморска висина?
-Чекај, чекај, ти мене нешто да не ме заебаваш?
-Не, бе, убаво те прашах, колку метри тука има надморска
висина?
-Не знам, ја ти кажах 20–30, а ти кажи колку?
-Па, Донхи, гледај од тука дека стоеме на мосто, до водата у морето има два-три метри висина, нели, шо значи тука надморската висина е два-три метри./крај
Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.
Адаптација: И.Матеничарски