101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот Гласно.мк ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
Наместо погреб,веселба
Меѓу поп Миладин и селани од Осоговието
пишувa: Доне Донев
Дедо Миладин бил свештеник во населбата Оризари. Освен населбата Оризари, опслужувал и повеќе други планински села. Одел за венчавки, за крштевки, за освет на куќа, ама и на погреби, што е нормално.
Еден зимски ден имало многу натрупано снег. Речиси до половина на еден возрасен човек. Го викнале дедо Миладин да оди во едно планинско село оти тамошен мештанин починал. Ја зел опремата, одеждата и тргнал со магарето и клисарот. Едвај стигнале.
Почнал што почнал да го пее мртовецот, кога наеднаш мртовецот ги отворил очите и се подигнал. Сите се исплашиле и почнале да бегаат, освен дедо Миладин, кој рекол:
Не плашете се, не бегајте, овоа е божја промисла!
По ова „мртовецот“ станал и сите почнале да се веселат, а дедо Миладин рекол на „мртовецот“:
Ти „умре“, ама печали еден костум./крај
Сите заинтересирани читатели што сакаат да ја купат книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот Гласно.мк.
Адаптација: И.Матеничарски