101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
На них може
Меѓу Љупчо Г. (Чек’ро) и Боро Кусата
Пишува: Доне Донев
Шеесеттите години на минатиот век немаше млеко од триесет видови и повеќе, туку само еден вид од „Кочанско поле“ што го разнесуваа во специјализирани продавници низ градот.
Една од тие продавници се наоѓаше во самиот центар под денешна „Комерцијална банка“.
Продавачот го викаа Боро Кусата, а како му беше презимето не знам. Се чекаше уште рано, оти толкави количини се испорачуваа, па можеше во секој момент да останеш без млеко. Сепродаваше во еднолитарски дебели стаклени шишиња со широк отвор.
Додека чекале да дојде млекото, полека толпата се зголемувала. Дошло млекото и почнале луѓето да купуваат (некои и по некој друг производ, се разбира, не само млеко).
Тие години за прв пат почнаа да увезуваат и да продаваат од јужното овошје: ананас, портокали, лимони, иако ананас едвај некој да купуваше.
Некои и не знаеја како изгледа. Додека муштериите чекале, се продало млекото, а влетало во гужвата едно дете и прашало:
-Чичо Боро, ја сам само да прашам. Ананас имаш ли?
-Има бе синко, како да нема.
На ова Љупчо изреагирал мошне гласно и нервозно:
-На них има, на них може, а на нас нема, е*а ти мајката. Ја треснал вратата и излегол./крај
Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.
Адаптација: И.Матеничарски