101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
На пишувачо пиво
Меѓу Вањо (Карајашо) и картаџиите
Пишува: Доне Донев
Вањо Карајашо имаше исто така голема смисла за хумор. И тој како и татко му Пецо знаеше да насмее цело друштво. Од никаква ситуација правеше шега и досетка.
Еднаш го викнале комшиите пред зградата на „Треска“ (кулата ја викаа во почетокот оти беше најголема зграда во градот тогаш) да им биде записничар додека тие играат карти – табланет.
Почнале една игра – две. Ја почнале и третата. Вањо седел меѓу двајцата и пишувал. Едно време го потчукнал едниот играч, му намигнал и му пишал две пишанки (цртки) повеќе. Овој се насмевнал и му покажал со прстот оти е супер.
По некое време Вањо истото го направил и на вториот играч. И овој му се насмевнал и го удрил под масата на колененото. Демек работата е супер.
Некаде по петтата партија, Вањо рекол:
-А бе, виа пиете, мезете се, на пишувачо ништо. Може ли едно пиво и за мене заедно да го платете?
-Како не, како не, извикале во еден глас двајцата играчи.
-Тоа траело по секоја игра, сè до последната. Така Ваљо испил повеќе пива отколку играчите./крај
Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.
Адаптација: И.Матеничарски