„Секој петок по една“ – На тебе сега ли ти текна?

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

На тебе сега ли ти текна?

Меѓу Душан К. и Думбата

Душан К. беше професор во гимназијата во Кочани. Беше таков човек што почитуваше секого во градот, без разлика на професија, пол и возраст. Едноставно човек – душа. Исто така и тој беше многу ценет од сите во градот. Прекарот му беше „Мармалад“.
Еден ден по завршувањето на работата, пред да влезе в куќи,го видел комшијата Думбата како цепи дрва. Во тоа време одморал, пушел цигара.

-Добар ден комшија – рекол Душан!

-Добар ден Дуци (така го викаа најблиските)!

-Што правиш, како си, те нема да наминеш накај мене – реколДуци.

-Те, да испушам цигарата и ќе дојдам – рекол Думбата.

-Ти, па, човек да не ти каже нешто. Одма. Чекај малку, има време. Утре, другиден!!!/крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: И.Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial