101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
На час по ликовно
Меѓу мене (Доне Донев) и Коле Нешо
И на овој час, исто така, имавме повторување. Почна часот и професорот Драги Т. почна да испрашува. Јас и Никола Н. (или какошто го викаа Нешето) седевме заедно. Го праша Колета. Коле молчеше, молчеше и ништо не кажа. Потем мене ми рече да продолжам. Молчев и јас. Молчев, а професорот ми рече оти ништо не знам и тргна кон дневникот да ми напише, како што рече, единица.
Јас реагирав:
-Па професоре, вие ми рековте да продолжам, а не ми поставивте прашање. Коле молчеше, па затоа логично беше да продолжам и јас да молчам./крај
Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.
Адаптација: И. Матеничарски