101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
На час по француски
Меѓу мене, Ило Буфчо и професорката по француски
Пишува: Доне Донев
Требаше да повторуваме по предметот Француски јазик. Ни беше кажано уште пред една недела. Дојде професорката. Само што седна и го праша Ило да каже на француски јазик каде бил на одмор. Бидејќи не знаеше ништо од француски, се направи како да не ја слуша и рече: „Mолим.“ Професорката му рече ако знае да каже, ако не – да не се прави божем не слуша. Тој молчеше и ме праша мене истото прашање: „Каде сум бил на одмор, само на француски јазик?“ Молчев и јас, а професорката Милка С. виде оти сме „тапи“ и двајцата, и рече:
- Значи и двајцата сте биле на исто место./крај
Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.
Адаптација: А.Арсов