„Секој петок по една“- Она на мене не дава…

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот Гласно.мк ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Она на мене не дава

Меѓу Тошо М. и Киро С. (Галичо)

Пишува: Доне Донев

Тошо М. продаваше семки, сончоглед, кикиритки, леблебија… како наемен работник кај Македонците – муслимани. Тие беа многу чесни и сè уште се. Плаќаа колку што ќе зарботиш, а кога имаа промет дури и натплаќаа.

Нивниот дуќан се наоѓаше веднаш залепен до стариот магазин (продавница) НАМА. Тоа е местото под денешната библиотека „Искра“, до казиното и продавницата за облека.

Во тоа време (не кажав оти тоа беше пред скоро триесетина години, а може и повеќе) имаше корзо (погоре кажав што е корзо) кое во петоците и саботите траеше и до полноќ. Киро С. (Галичо) живееше и сè уште живее веднаш спроти казиното. Една вечер му рекол на Тошо М.:

  • Тошка, а бе оди дома. Ти додека тука р’мбаш, жена ти којзнае шо прае со комшијата.
    На ова Тошо М. му рекол:
  • Мајмун некој, знаеш ли бе шо збореш? А бе она на мен не дава, а камоли на комшијата!/крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот Гласно.мк.

Адаптација: И.Матеничарски

Сподели: