„Секој петок по една“ – Оставнина

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Оставнина

Меѓу Штеф и мајка му

Пишува: Доне Донев

Штеф живееше со двајца браќа во заедничка куќа. Каква-таква, се живееше. Браќата беа мошне сложни, ама сепак се плашеле кога ќе умре мајка им кој ќе го наследи нејзиниот дел. Штеф еден ден кога видел оти браќата се дома (било недела), отишол кај мајка му и й рекол оти дошол да разговараат за наследството. Знаел оти браќата кога го виделе како влегува кај неа, ќе прислушуваат, па почнал на мајка му да й симнува ѕвезди. Й покажал со прстот и й шепнал оти браќата се до вратата и прислушкуваат. Таа знаејќи го каков е Штеф (тука морам да кажам оти беше многу широкоград и не беше алчен), ја прифатила играта. Штеф рекол:

– Мамо, од златото половин на мене, половин за гробнина, а парите ќе ми ги оставеш за мене сите оти ја мислам да одам приватно да отварам дуќан.

– Важи бе синко, само браќата да не се налутат!

Веднаш влетале браќата и й рекле оти ова е срамно што го прават Штеф и мајка му без да ги прашаат и нив.

Штеф и мајка му слатко се насмеале./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: А. Арсов

Сподели: