„Секој петок по една“ – Пешкир

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот Гласно.мк ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Пешкир

За Тошо Ѓ. и жена му

Пишува: Доне Донев

Жена му на Тошо Ѓ. во неделата наутро излегла и го метела дворот, а Тошо седел кај комшиите и пиеле кафе. Мажи биле и правеле машки муабет. Секој се фалел што направил сношти. Кога жена му се свртела кон нив, Тошо гласно викнал:

  • Кажи жено ама сам ти го опашал оште рано сабајле…

Таа не дочекала да се доискаже. Му се развикала, а овој рекол:

  • … пешкиро мори, околе половината./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот Гласно.мк.

Адаптација: А.Арсов

Сподели: