„Секој петок по една“ – Ручек во „Стари Храст“

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

РУЧЕК ВО „СТАРИ ХРАСТ“

За Мато и делегацијата од кочанска градежна фирма
во Србија

Пишува: Доне Донев

Делегација од една градежна фирма од Кочани заминале во Србија во работна посета на српска фирма со којашто соработувале.

Традиција било секогаш домаќините да ги честат гостите ручек во некој ресторан или кафеана. Кога пристигнале гостите од Кочани, ги однеле во ресторанот „Стари храст“. Кочанчани, со кои бил и Мато вработен во градежната фирма. Во договор со домаќинот, без да знае Мато, му кажале на келнерот да им каже на кочанчани оти фирмата сега е нерентабилна и секој што ќе изеде си плаќа од џеб. Значи сè се плаќало – од ракија до ручек.

Сите порачале мешана скара (а тоа впрочем ги честел директорот на претпријатието со коешто соработувале) и разноразни пијалоци. Кога дошол редот на Мато да порача, тој порачал само две јајца на око и една сода вода со две парчиња леб. Ручале што ручале. Келнерот раздигнал сè од масата и останале само салфетките. Во меѓувреме (по договор со домаќинот) дошол друг келнер.

Директорот од Кочани го викнал да си го плати секој својот оброк, а новиот келнер рекол:

-Какво плаќање. Све је то фирма платила.

Мато на ова веднаш коментирал:

-Maјку вам јебем, ала сте ме зајебали, осто сам гладан ко пас./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: И. Матеничарски

Сподели: