„Секој петок по една“ – Сексот и градот

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Сексот и градот

Меѓу Миле У. и Ливанта

Пишува: Доне Донев

Со Миле У. (во градот познат какао Урово) бевме колеги. Тој замина во пензија. Беше еден од најпринципиелните професори. Строг, правичен дисциплиниран. Ми раскажа една случка којашто рече задолжително да ја напишам. Имено, ми кажа оти тој многу живеел со една негова соученичка којашто била мераклика. На што била мераклика не ми кажа. Искрено речено, ми кажа немал ни намера да ја допре, а камоли да й го проба меракот. Пред десетина години се прикажуваа многу шпански серии и сите ги гледаа, а имаше и една американска или англиска (не ме фаќајте за збор чија беше) која ја гледаа од мало до големо. Малку еротика, малку сериозност. Еден ден Миле ја сретнал Ливанта и низ разговор ја прашал дали ја гледа серијата „Сексот и градот“. Таа му одговорила:

– Не само шо ја гледам, туку ја после секоја емисија и ја пробам!/крај

Сподели: