„Секој петок по една“ – Смејте се деца, смејте се

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Смејте се деца, смејте се

Меѓу баба Ленка и нејзините блиски

Пишува: Доне Донев

Оваа (не)згода ми ја раскажа Душан Јованов, мој колега, професор по хемија. Тој по потекло е од Чешиново.

Раскажува Дуле како некогаш на селската слава Свети Никола во Чешиново се собрале во домот на некоја си баба Ленка сите нејзини блиски. Й дошле синовите и снаите. Ќерките и зетовците. Внуците и внуките.

Биле раселени на многу места и речиси насекаде низ Македонија, а имало и некои што се во странство. Браќа како браќа, сестри како сестри, не се виделе долго време и си кажувале што сè им се случило. Почнале да се шегуваат и да си кажуваат вицови. Почнале гласно да се смеат. Во еден момент, одеднаш, случајно, смеата се прекинала. Бабата која била близу печката и се греела, потпрена на стапчето, гласно извикала:

  • Смејте се деца! Смејте се! Веселете се, ама вие кога ќе умрете, кој ќе ме чува мене?

По ова сите занемеле. Одеднаш почнале сите на глас да се смеат./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: А. Арсов

Сподели: