101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот Гласно.мк ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
Сокот од две и пол литри
Пишува: Доне Донев
На час по македонски јазик
Зоран Г. (јас си го викам Зоки) е државен просветен инспектор.
Ми раскажуваше еднаш кога бил на посета на час кај наставничка во едно основно училиште во градот. Часот почнал мошне добро. Читале учениците (биле во трето одделение). Учеле за овошје и зеленчук.
Наставничката мошне илустративно ја предавала методската единица. На крајот прашувала дали знаат какви сокови има и кои според нив (учениците) се најдобри.
Некој кажал „кока-кола“, некој „кокта“, некој „вива“. Едно Ромче цело време кревало рака, а наставничката никако да го види.
Зоки којшто седел во последната клупа наспроти детето й рекол на наставничката да го праша и
него. Таа го прашала, а овој рекол:
-Наставничке, најубав е тој од два ипол литри.
Сите слатко се насмеале, па дури и ученикот што го кажал тоа./крај
Сите заинтересирани читатели што сакаат да ја купат книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот Гласно.мк.
Адаптација: И.Матеничарски