101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
Телефон
Меѓу професорот Душан К. и ученикот Венцо А.
Пишува: Доне Донев
На часот по македонски јазик професорот Душан (за којшто кажавме дека понекогаш потпивнуваше) предавал некоја методска единица, а учениците слушале. Бил прв час, а професорот „нацрцан“.
Во тоа време (осумдесеттите) немаше мобилни телефони, туку само фиксни. Еден ден Венцо А. сакајќи да си оди дома, наумил како да го изведе тоа без да му се ставаат неоправдани изостаноци. Сакал да го вклучи и професорот којшто ќе му биде сведок. Имено, од дома донел фиксен телефон, а под клупата ставил будилник (часовник којшто ѕвони гласно и алармира). Го навил часовникот, а телефонот го ставил на клупата. Го пуштил будилникот да ѕвони еднаш-двапати (седел во последната клупа во ќошот).
Професорот прашал во што е работата, а Венцо рекол оти му ѕвони телефонот и мисли оти го бара мајка му. Учениците се насмеале, а професорот ги смирил и продолжил. Венцо повторно го пуштил будилникот и сега, без да го праша професорот, ја подигнал слушалката и рекол:
-Mамо мори, нели сум ти кажал у школото да не ми ѕвонеш. Како, како? Да си дојдам одма дома? Чекај, ќе го прашам професоро. Професоре, мајка ми вика одма да си одам, може ли? Нешто итно било.
-Оди Венцо, ама кажи й на мајка ти другпат во училиштето да не ти ѕвони.
Венцо ги прибрал телефонот и часовникот во ранецот и пред да тргне, му се заблагодарил на професорот и му рекол да пренесе на класниот оти Венцо си заминал по барање на мајка му./крај
Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.
Адаптација: И. Матеничарски