„Секој петок по една“ – Ти си копиле

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Ти си копиле

Меѓу сопругата на Тошо и ќерка й

Пишува: Доне Донев

Раскажуваат оти некој Тошо работел во некоја банка како благајник. Имал две ќерки и еден син. Неговата сопруга била Србинка. Кажуваат и тоа оти имала голем мерак да ужива во прегратките на туѓи мажи. Еден ден двете деца, едната ќерка и синот се скарале толку многу што цело маало можело да ги слушне. Постарата сестра на помалиот брат му рекла:

– Не ме нервирај бе, копиле недно, ќе те убијам!!!

Мајката која го слушала карањето и зборовите, й рекла на ќер-
ката:

– Немој да сум те чула оште еднашка да му викаш така на сино.

За него гарантирам оти е од Тошо, он му е татко, а за тебе не знам
од кој си, шо значи ти си копиле.

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: А. Арсов

Сподели: