hydroxychloroquine brand name india side effects of hydroxychloroquine win treatment of hydroxychloroquine retinopathy hydroxychloroquine sul tabs 200 mg patient information leaflet on hydroxychloroquine

„Секој петок по една“ – Х. М. и гостите

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Х. М. и гостите

Меѓу Х. М. и гостите од Турција

Пишува: Доне Донев

Х. М. е дојденка од Босна и е муслиманка – Бошњачка. Нејзиниот сопруг М. М., којшто беше Турчин, беше староседелец. Овде морам јавно и гласно да кажам и да се заблагодарам оти М. М., или како што го викаа кочанчани – Менду, ме научи да читам турски, а исто така и да знам нешто и да зборувам. Самиот „Аби“, како што го викав, ми кажа една случка што се имало случено во првите години од нивниот брак.

За оние што не знаат, морам да истакнам оти во градот немаше човек што побрзо ги решаваше крстозборите од сите весници, било српскохрватски, било македонски. Таква начитаност немаше во Кочани дури и помеѓу Македонците.

Морам да го истакнам и ова: по ослободувањето, по Втората светска војна, во шеесеттите години М. М. бил професор по македонски јазик и литература, за подоцна да се префрли во библиотеката „Искра“, каде и го заврши својот работен век. За жал, почина предвреме. Лично ми ја раскажа случката.

Приказната е следна:

Менду М.

Дошле роднини од Турција кај М. М. на гости. Х. М. ги послужила со слатко и сакала на турски да праша дали сакаат по едно кафе да им направи. Овде морам да кажам оти на турски за пиење се изговара „ичијорум“, што значи пијам, понатаму „ишлијорум“ што значи работам и „ишијорум“ што значи мочам, како и „yapjorum“ што значи правам. Сакајќи да каже оти научила турски, Х. М. рекла: „Kim istiyor bir kafe isijorum…“ (ишијорум – наместо јапјорум…), што значи рекла: Кој сака да му измочам едно кафе. На ова М. М. рекол: „Побрзај веднаш, ако сакаш да биде топло“, им превел на гостите и сите слатко се насмеале./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: А. Арсов

Сподели:
  •  
  •  
  •