„Секој петок по една“ – Шрафцигер

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

ШРАФЦИГЕР

Меѓу мене (Доне Донев) и милиционерот Боро Ј.

Пишува: Доне Донев

Со чичко Боро живеевме многу добро. Ептен многу добро. Со неговиот син Миливој Ј. (сега успешен стопанственик) бевме другари. Кога ќе се враќавме од корзо, првин наминував кај семејството
кај Миливој, а подоцна си заминував дома. Тогаш требаше до 22 часот да сме дома за на време да си легнеме.

Една вечер бев кај нив.Чичко Боро само што си беше дошол од работа, а мене ми се брзаше оти требаше да поправам една квака, ама немав шрафцигер и во стилот на кочанчани вообичаено му реков:

  • Чичко Боро, да немаш случајно шрафцигер? Тој ми рече:
  • Ти да немаш, јас си имам – ако сакаш ќе ти го дадам./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: А. Арсов

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial