101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев. Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.
Ќе чујат комшиките
Меѓу Лазо Буфчо (Ефтимов) и жена му Риза
Пишува: Доне Донев
Лазо Буфчо беше еден од најбоемчините на времето. По потекло беше од Соколарци. Имаше природна дарба за хумор и досетки. Многу пати останувал до доцна на работа, а многу пати останувал и до утринските часови со другарите во меаните. Се враќал кога многумина тргнувале на работа. Еден ден се вратил кога сонцето само што не почнало да изгрева, а неговата сопруга (Риза) била станата и во дворното место, коешто го користеле и за мала семејна бавча, садела кромид. Тој уште од далеку ја поздравил со
вообичаеното „добро утро“, но Риза не му одговорила. Била лута. Повторно ја поздравил и повторно не му одговорила. Кога се приближил до неа, ја прашал што сади, а таа изнервирана му рекла:
– Ку.ове садам! На ова Буфчо рекол:
– Не викај гласно мори! Ќе те чујат комшиките, па кога ќе изникнат, сите ќе ти ги искубат, а за тебе нема да остане ни еден.
Си влегол дома и си легнал./крај
Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.
Адаптација: А. Арсов