„Секој петок по една“ – Појадок

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот „Гласно“ ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

Појадок

Меѓу Никола К. и Тодор. Ѓ.

Пишува: Доне Донев

За време на големиот одмор вогимназијата „Љупчо Сантов“, на самиот почеток на одморот, професорот Тодор (којшто беше еден од најдосетливите професори) му се обраќа на професорот Никола К.:

  • Коле, ајде да одиме да појадуваме.
  • Јас појадував. Имав пауза, слободен час и појадував.
  • А што појадуваше и кога толку брзо?
  • Имав пауза меѓу првиот и вториот час, и Виолета (во училиштето имаше готвачница, а готвачка беше Виолета) ми направи варено јајце, па појадував јајце.
  • Како бе мислиш јајце? Сигурно не си јадел само едно?
  • Е, па, да знаеш, само едно!
  • Тогаш, кажи ми, левото или десното?
  • Ако сакаш да знаеш многу, СРЕДНОТО!
  • Коле, па ти си си го изел КУ.ОТ!!!/крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот „Гласно“.

Адаптација: А. Арсов

Сподели: