Семејство од село Соколарци бара помош од хуманите граѓани

Седумчленото семејство Стаменкови  од с.Соколарци живеат во неподносливо тешки услови со кров над глава кој секој момент може да се сруши, без основни месечни примања за да го поминат денот и месецот.

Во студ, без дрва и без услови за греење и готвење со 8 илјади денари нега која ја земаат за 7-годишното  дете болно  од церебрална парализа едвај преживуваат. Трите девојчиња се малолетни и одат на училиште две во СОУ „Гошо Викентиев“, третото во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ . Најголемата учи вонредно чии трошоци  за полагање испити и ги плаќа училиштето „Гошо Викентиев“, а другите се во редовен училишен однос, но немаат можност  се вклучуваат на  онлајн настава бидејќи немааат интернет.

Бараат од одговорните во општина Чешиново – Облешево да им се  помогне да се  изгради барем една просторија за да можат да живеат  и купатило бидејќи во 21 век  се капат во корито.

-Замолувам само да може барем да ни се направи собичка и купатило да можеме да живееме. Ако може и нешто да се помогне околу детенцето бидејќи е болно од церебрална парализа, а немаме приходи од никаде. Девојчињата следат онлајн настава на училиште ама немаме интернет и неможат да ја следат наставата, рече  Лилјана Стаменкова, член на семејството Стаменкови

Лилјана вели  може и да работи но родителите  и се болни астматичари и не се во можност  да го чуваат болното детенце. Но би можела, рече таа барем 4 часови да работи некаде за да може да го прехрани семејството.

Татко и скромната пензија ја дава за лекови и неможе со ништо да им помогне на ќерката и внуците.

-Преживуваме со црна мака. Се бањаме во користо, мизерни услови. Замолувам ако може да се помогне во нешто, рече Благој Панов, член на семејството Стаменкови.

Упатија и апел до сите хумани граѓани ако се во можност да им помогнат и да им донираат барем еднократно  храна или млеко за малото болно дете.

Сподели: