Семинар и Државен натпревар во реално аикидо по повод јубилејот 10 години КРА „Нико“ во Кочани

Денеска градот Кочани беше домаќина на семинар во реален аикидо и Државен натпревар во аики демо што се реализираше во рамки на одбележувањето на 10 годишниот јубилеј на Клубот за реално аикидо и Кардио фитнес „Нико“ од Кочани.

Стотина учесници и натпреварувачи од клубови од Македонија и регионот земаа учество на семинарот во реален аикидо, на кој демонстратори беа познати мајстори во аикидо од државата и странство.

– Денеска одбележуваме јубилеј 10 години постоење на Клуб за реален аикидо „Нико“ и Кардио фитнес „Нико“  во Кочани.  Во далечната 2013 година стартувавме со првите тренинзи и голема поддршка на Аикидо федерација на Македонија и на Агенција за млади и спорт.  Ги посетуваме сите натпреварувања во Европа, сите семинари и секаде сме препознатливи како еден од најуспешните клубови во Европа. Од 2013 година до денес во нашиот клуб се имаат зачленето над 800 членови, како деца така и возрасни. Во моментот броиме 130 активни члленови, истакна Николчо Гоцев, од КРА „Нико“.

Покрај семинарот и државниот натпревар во Кочани денеска се спроведе и поагање за појаси на натреварувачи.

КРА „Нико“ и Кардио фитнес „Нико“ одржуваат тренинзи за сите категории млади и возрасни. Поради големиот интерес отворена е и секција на клубот во салата на ООУ „Малина Попиванова“ во Кочани.

И. Матеничарски

Сподели: