Почитувани сограѓани,
Покажавме дека имаме концепт за одржлив развој, дека со нашето чесно, одговорно и отчетно работење граѓаните можат да добијат многу повеќе од кога биле една од главните политики за кои се заложуваме е заштитата на животната средина и искористувањето на обновливи извори на енергија. Со поставување на урбанистичка подлога за изградба на фотоволтаични централи, со подобрување на енергетската ефикасност на поголем број јавни објекти и искористување на геотермалните води за затоплување на јавните установи, ние сме чекор поблиску до зелена и еколошки чиста општина.
Изградбата на разделно зеленило и хортикултурното уредување на кружните текови и парковите во секое маало, субвенционирањето на инвертери и велосипеди кое и во иднина ќе продолжи се само мал дел од проектите кои се реализираат во таа насока. Во рамките на редовните повици ќе воведеме квота за млади до 29 години за субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети.Во наредните четири години само од основниот буџет издвојуваме по еден милион денари за секоја година за набавка и засадување нови садници и обновување на садниците што изгореа во големиот пожар што го зафати Кочани на 2 август оваа година.
Со изградба на парк-шума во спомен-домот Лукубија кој со својот мозаик претставува едно од најубавите дела на авторот Чемерски, овозможуваме нашите сограѓани да уживаат во прекрасниот поглед што го нуди самата локација, а со поставувањето на нова урбана опрема, да го користат за место за одмор и рекреација.
Покажавме дека Кочани можеме да го сместиме на врвот на општините, да ги поставиме темелите на современа урбана средина!
Да продолжиме единствени!
Ви благодарам,
Весна Сенесова,
Кандидат за советник предложен од СДСМ и коалицијата