Септемвриска крводарителска акција во Црвен крст Кочани, собрани 30 крвни единици

Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше  предвидената граѓанска крводарителска акција за месец септември.

На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 30 дарител и истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Штип.

– Акцијата е шеснаесета крводарителска акција што годинава ја спроведува Општинската организација на Црвен крст – Кочани, а деветта во просториите на Црвениот крст.  Ја користиме приликата да се заблагодариме на крводарителите кои денеска даруваа крв и помогнаа во успешно спроведување на акцијата – истакнаа од Црвен крст – Кочани.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: