Серафимов: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ја уназади кочанската болница

Дозволете ми најпрвин да Ви ја честитам Новата 2020 година и да Ви посакам добро здравје, благосостојба и напредок во неа.

На почетокот на оваа година сведоци сме на континуираното дезинформирање на јавноста како темел на политичката битка на ДПМНЕ.
И понатаму ДПМНЕ, немајќи аргументи – напаѓа со лаги, овојпат за состојбите во здравството.
Нивното владеење ја уназади кочанската болница.
Таму со години не беше инвестирано во стручен кадар, опрема и во суштински промени.
Се сеќавате ли колку понижувачки беа платите на здравствените работници додека владееше ДПМНЕ?
Колку многу вработени од Болницата заминаа во странство?
Новите вработувања беа апстракција или изнудени партиски решенија.
Колку специјализации беа доделени додека владееше ДПМНЕ!?
Последиците од катастрофалната здравствена политика на ДПМНЕ – секој ги чувствува на свој грб. Ниедна институција не се опоравува преку ноќ, но по две и пол години состојбите видно се подобруваат, а тоа пак, не му годи на ДПМНЕ.
За 2,5 години во Болницата има 32 вработувања од кои 13 специјализации, нова медициска опрема.Климатизирани се скоро сите болнички соби.
Извршувањето на буџетот од околу 50 % до пред 2 години сега е над 90 %.
Да потсетиме на придобивката од лекови без квоти, бесплатни вакцинации, зголемен број интервенции во државата.
Факт е дека последиците од „белата чума“ создавани во текот на 12 – 13 години погубна политика на ДПМНЕ и денес ги чувствуваме. Ние пак го почитуваме секој граѓанин и неговото право на слободен избор каде ќе донесе на свет новороденче, во Кочани или во друга општина, во приватна или во државна болница, многумина од вас тоа го знаат од лично искуство!


Со поддршка од Владата, Кочани е на пат да има модерна медицинска установа во регионов со центар за физикална терапија. Со многу мерки во здравството ја вративме професијата на прав пат и направивме услужен одржлив сервис кој ќе опстои и во иднина.
Ние знаеме како се води домаќинска политика!
Знаеме да водиме по прав пат!


д-р Александар Серафимов
Директор на ЈЗУ Општа болница Кочани со проширена дејност

Сподели: