Почитувани сограѓани,
Миле Лефков и ДПМНЕ во ек на криза – упорно бистрат политики!
Не требало да помагаме на граѓаните – да не сме се задолжувале; па уште и експерт со бројки – папагалски ги повторува приказните на ДПМНЕ дека биле многу пари!? Е, малку ли беа кога се задолжувавте за „Скопје 2014“, белосветски палати, фасади, споменици? Малку ли беа задолжувања за милијардите кои ги однесе Грујо со себе?
Ама тогаш беа за ваш џеп, а сега се – да се помогне на граѓаните. Овие пари одат директно кај нив! И за нив – вреди да се помогне, посебно во ваква криза, а и неа сакавте да ја препишете на СДСМ.
Денес, при слобода на говор и масовни медиуми – ДПМНЕ се потсеќа на нивното владение и зборува за медиумски мрак! Седниците на совет се отворени и може било кој да присуствува, па и да ги снима – но не и да бара пари за тоа. Законската регулатива која е сменета се однесува на плаќањето за вакви настани како и рекламирање. Само да напоменам дека 30 милиони евра граѓански пари се влеаа во медиумите за време на владеењето на ДПМНЕ.
СДСМ е домаќинска партија и работи во интерес на граѓаните.
ДПМНЕ нè тера во беззаконие – затоа и не сакаат избори. Ние, како партија, бараме договор и консензус – како што направивме пред некој месец кога се распишаа изборите, а ако нема – изборите по сила на закон ќе се одржат на 21 јуни.
Тогаш истекуваат сите изборни рокови, 22 дена после завршувањето на вонредната состојба.
Сите знаат: септември, есента, се најризични за јавното здравје. СЗО постојано алармира, есента се очекува нов пик, поради отворените граници, летните одмори, отворањето на школите и градинките… Крајна неодговорност и опасност е да заговараш избори на есен.
Нашите институции покажаа сериозен капацитет за справување со Ковид, па и за организирање на ваков настан. Гласањето ќе биде 100% безбедно. Ако може да одиме секој ден зашитени во маркет, со маски, со дезинфекција во секој јавен објект – тогаш истото ќе го направиме во тие 2-3 минути на гласачкото место. Зошто? Бидејќи ни требаат функционални институции. Бидејќи во септември треба да се справуваме со нов пик, да развиваме економија, а не тогаш да се бавиме со нови преговори, лидерски, кампањи, избори…
Заедно можеме и знаеме, затоа одиме на избори и враќање во нормала каде одговорноста ќе биде на прво место!
Ви благодарам!
Претседател на ОО СДСМ Кочани
Гоце Серафимов