Се асфалтира дел од улицата „Раде Кратовче“

Денеска започна асфлатирањето на дел од улицата „Раде Кратовче“, односно делот од крајната стационажа на улицата до пред ОУ „Раде Кратовче“.

Претходно беше извршено орапавување на старата асфалтната површина, изработка на сливни решетки, промена на дел од уличните радници и беа поставени бекатон плочки на дел од тротоарите.

Во текот на вчерашниот ден е извршена санација и останати подготовки за денешното започнување на асфлатирање.

Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува 5.300.000 денари, а средствата се обезбедени од Светска банка, преку Министреството за Транспорт и Врски.

Конечното завршување на асфалтирањето е предвидено да заврши до крајот на неделата. 

Сподели: