Се асфалтира дел од улицата „Тодосија Паунов“ во Кочани


Во рамките на реконструкцијата на левата лента од десниот крак на улицата „Тодосија Паунов“ денеска се поставува новиот асфалтен слој.

Потегот опфатен со реконструкција е со ширина од 3,5 метри и должина од 200 метри, спроти Полициската станица во Кочани.   

Со градежните активности на улицата „Тодосија Паунов“ се заменети пет канализациски шахти и два сливника.    

Работите ги изведува фирмата „Стоименов“ од Кочани, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.

Сподели: