Се асфалтира десниот коловоз на „Тодосија Паунов“

Работниците на скопското претпријатие „Ленд груп“  денеска започнаа со асфалтирање на десниот коловоз на улицата „Тодосија Паунов“ . 

Се асфалтира во правец Кочани- Оризари, од Автобуската станица до улицата „Киро Кикенски“ во должина од 777 метри.

Поради ова сообраќајот во двете насоки се одвива по левата коловозна лента на која има поставено соодветна сигнализација.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial