Се асфалтира кружниот тек кај бензинската пумпа на „Лукоил“

Градежната оператива денеска го поставуваше носечкиот асфалтен слој на кружниот тек што се гради спроти новата бензинска пумпа на „Лукоил“, кој ќе ги спојува улиците „Тодосија Паунов“ и „Киро Кикенски“.

Паралелно со ова, изведувачот „Битем“ го подготвува за асфалтирање и кружниот тек пред населбата Усова Чешма, којшто ги вкрстува „Тодосија Паунов“ со улицата „Македонска“.

Во наредниот период ќе почнат работите и на кружниот тек кај Автобуската станица. За изградбата на овие три кружни тека на „Тодосија Паунов“ се наменети општински буџетски средства во износ од близу 4 милиони денари. Целта е да се подобри сообраќајната инфраструктура и да се олесни движењето по главните сообраќајници во Кочани.

Хортикултурното уредување на земјениот дел од кружните текови отвора можност за креативно озеленување на овие површини во Кочани.

Сподели: