Овие два дена, 5 и 6 мај, продолжува асфалтирањето на локалниот пат од Кочани до Мојанци. Работите се одвиваат во правец од Мојанци до Подрачното основно училиште во Подлог, поради што има времена измена на сообраќајот на овој дел од патот.
Реконструкцијата наовој патен правец се покажа како неопходна поради постојните и оштетувањата кои настанаа од тешките товарни возила при изградбата на Пречистителната станица за отпадни води во близината на Мојанци.
Патотштогиповрзуватритесела –ГорниПодлог, Долни Подлог и Мојанци се проширува од сегашните 3,5 на 4,5 м и одедната страна кадешто има услови, изграден е тротоарод 1,5 метар. Средствата за реконструкција се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Во завршните градежни работи влегува асфалтирањето од училиштето до влезот во Горни Подлог. По реконструирањето, ќе биде поставено јавно осветлување.