Се асфалтира улицата „Енгелсова“

Се асфалтира улицата „Енгелсова“, којашто го поврзува Оризари со Кочани. Изведувачот на работите, градежната фирма „Стоименов“ работи на потег долг 472 метри, каде претходно беа извршени подготвителни работи со поставување  водовод, канализација и рабници. Тампонираната улица се постила со асфалтен слој од 11 см.

Според зборовите на жителите од Оризари, улицата „Енгелсова“, меѓу народот позната како Пазарски пат е патна врска што неколку векови ги спојува Кочани и Оризари. Претседателот на Месната заедница Оризари, Јордан Гацов го истакнува задоволството на оризарци што оваа корисна сообраќајница, конечно добива асфалт.

Средствата за асфалтирање на „Енгелсова“ и на улицата „Мишо Арсов“ кон месноста Пресечена Скала, се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, која одобри  финансиска поддршка на Општина Кочани од 20 милиони денариза поврзување на селата Оризари и Гратче со Кочани.Износотнаданокотнадодаденавредност е учествонаОпштинаКочани.

–Благодарение на поволните временски услови, на терен се одвиваат градежни активности. Покрајасфалтирањето на „Енгелсова“, се работи и на улицата „Мишо Арсов“, којашто излегува на главниот пат до селото Гратче,во должина од 1414 метри. Ова е уште еден чекор што ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот во руралните средини – информира градоначалникот Николчо Илијев.

Реализацијата на овие проекти е овозможена со мерката Развој на јавната инфраструктура во рурални средини преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Сподели: