Исчезнат е 86 – годишниот Тодор Јанев од селото Тркање, Кочанско. Тодор последен пат е виден во понеделникот кога излегол од својот дом во селото Тркање, се упатил во непознат правец по што му се губи секоја трага.
Има 86 години, висок околу 170 сантиметри. Последен пат кога е виден на себе носел сина кошула и капа.
Семејството Јаневи ги замолуваат граѓаните кои имаат било какви информации да се обратат на телефонскиот број 078/278-081 или во полиција на бројот 192.
И. Матеничарски