Се бетонираат пристапни патишта и улици во неколку населени места

Во завршна фаза е бетонирањето на улици во неколку населени места во Кочанско.

Во Грдовци е бетонирана улицата „Питу Гули“ во должина од 150 метри. Бетон добива иулица во селото Мојанци, со што во ова населено место комплетно е решена патната инфраструктра.Деновиве ќе продолжат работите и во селото Тркање на уличниот крак долг близу 200метри, како и на улица во Оризари и крак во Колерски гробишта во Кочани.

Активностите се реализираат според Програмата за уредување на градежното земјиште, а за бетонирање на пристапни патишта и улици за тековната година одбуџетот на Општина Кочани се наменети 3,1 милион денари.

Според проценките,изведувачот се очекува годинава да бетонира вкупна површина од 3 500 метриквадратни.

Сподели: