Се бетонираат улици во Ромското Маало во Кочани

На четири крака од улицата „Стамен Манов“ во Ромското Маало во Кочани во тек се  градежни активности за бетонирање. Сите краци со вкупна должина од 1 134 м се наоѓаат од десната страна на улицата „Стамен Манов“, којашто води кон Фабриката за вода,  каде недостигаше уредување на патната инфраструктура.

Активностите се дел од проектот „Бетонирање улици и  потпорни ѕидови во Ромското Маало во Кочани“, за што се наменети 6 милиони денари обезбедени од Буџетот на Владата, а утврдени во Буџетот на Општина Кочани за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.

Со проектот се бетонирани и два крака од улицата „Партизанска“ со вкупна должина од 136 м со изградба на потпорен ѕид. Исто така, на спојот меѓу улиците „Стив Наумов“ и „Гроздан Трифунов“, во близина на улицата „Славчо Стоименов“ во Ромското Маало во Кочани е изграден и потпорен ѕид со пристапни скали.

Општина Кочани преку повикот за мали грантови во рамките на програмата Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво, од Советот на Европа обезбеди средства за уредување на парк во местото викано Колерски Гробишта. Целта е просторот  на кој се создава дива депонија да се преуреди во парк со површина од 110 м2, со фонтана и урбана опрема. Јавната набавка за овој проект е во тек.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial