Се бетонира улица во село Прибачево

Во тек се градежните активности за бетонирање улица во селото Прибачево.

Изведувачот, градежната фирма „Портланд цемент“ од Струмица работи на ископ, по што ќе се изврши тампонирање и ќе биде поставен бетонски слој во должина од 80 м и ширина 3 м.

Наредните денови екипи на изведувачот ќе бетонираат улици во селото Бели.

Сподели: