Автомобил марка “Цитроен” со скопски регистарски ознаки се запали на стариот пат за Штип на крстосницата кај селото Горни Подлог, информираа граѓани за рубриката “Гласно” репортер.

На лице место интервенираат од кочанската пожарна при што сообраќајот извесно време беше во прекин во двата правца.
Сообраќајот во моментот се одвива во една сообраќајна лента.