Се запали возило во центарот на Кочани

Автомобил марка „Опел Фронтера“ на беровски регистарски ознаки се запали и настрада во пожар на улицата „Димитар Влахов“ во центарот на Кочани.

Паркираното возило се запали во предниот дел кај моторот, а залудни беа напорите на неколку сограѓани кои со противпожарни апарати се обидоа првично да го изгаснат огнот.

За среќа, брзата интервенција на екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, која со едно возило и двајца пожарникари успеа да го ликвидира пожарот и спречи негово ширење на соседните возила.

Во моментот се чека увид на местото на настанот заради утврдување на причините за настанување на пожарот.

И.Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial