ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани го зголеми капацитетот за згрижување на ковид пациенти за дополнителни 15 легла.
Одделението за физикална терапија од денеска ќе биде ковид одделение на кое ќе се згрижуваат пациенти позитивни или суспектни на коронавирус. Претходно, на дел од Интерното одделение на располагање беа ставени 25 легла со што во болницата во Кочани има вкупно 40 болнички кревети за згрижување на ковид пациенти.
Од болницата во Кочани информираат дека состојбата се следи и доколку се јави потреба дополнително ќе се менаџира.
Воедно, од денеска започна и расчистувањето на просторот во кругот на болницата каде ќе се постави модуларна монтажна болница за нега на ковид пациенти.
И. Матеничарски