ОО СДСМ – Кочани: Се манипулира со термините и со испитите за полагање на менаџерски испит – обвинија од Комисија за образование при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Повеќе од една година Државниот испитен центар манипулира со термините и со испитите за полагање на менаџерски испит!

После чекање повеќе од една година, токму кога помисливме дека сме стигнале до самиот крај – наместо да добиеме лиценци, новиот директор на Државниот испитен центар арогатно порачувајки:
“пред силата правдина нема” – ни ги поништи положените испити и со тоа не стави пред свршен чин, не’ изложи на дополнително понижување, но и на нови тршоци.


За жал централната власт, прекршувајќи го уставот и законите ни го ускратува уставното и законско право да полагаме за лиценца за менаџери. Се сомневаме дека однесувањето на директорот на ДИЦ е координирано на највисоко ниво на државната власт.

Државната власт преку својот извршител во ДИЦ не дозволува да се полагат испити и практично не дозволуваат никој, освен поранешните кадри на СДСМ, да се стекнат со квалификациии!

Ова е уште еден доказ за коруптивно однесување на власта!

Ја повикуваме Владата и го повикуваме Министерството за образование, веднаш да превземат мерки против директорот на ДИЦ, а ДКСК, и ЈО да ги испитаат мотивите, и да утврдат “злоупотреба на службена положба” на директорот со чии постапки ни се нанесува штета и дополнително се корумпира образованието во Македонија!

Комисија за образование при
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Сподели: