Жител на с. Чешиново бил уапсен откако е фатен како се обидува да запали стрниште во нива, а потоа и се заканувал на полициски службеници.
На 03.03.2020 во 17.10 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани на место викано „Кула“ во атар на село Чешиново, кочанско, го лишиле од слобода П.Д.(64) од с.Чешиново затоа што бил затекнат како потпалува стрниште во нива, се однесувал агресивно и се заканувал на полициските службеници и претходно се заканувал на С.Н. од с.Чешиново. Тој бил приведен во Полициската станица Кочани и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: Дневен билтен МВР